Двајца браќа од Батинци се истепале пред нивната куќа

од Берта Китинска

Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Драчево, Г.Д.(59) од с.Батинци, пријавил дека во 18.00 часот пред неговата куќа во с.Батинци неговите синови А.Д.(28) и М.Д.(37) го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, велат од МВР.

Сочинети се два записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Слични содржини