Двајца Британци осудени на затворска казна откако пронашле богатство и не го пријавиле

од Aleksandar Petrovski

Двајца Британци кои не пријавиле англо-саксонско богатство кое го пронашле , денеска се осудени на 10 и осум и пол години затвор.

Богатството било вредно околу три милиони фунти (околу 3,6 милиони евра) и старо повеќе од илјада години.

Лејтон Дејвис (51) и Џорџ Пауел (38) богатство го откриле во централна Англија, а меѓу предметите имало и монети за кои се верува дека датираат од времето на владеењето на кралот Алфред Велики.

Според британскиот закон, таквите откритија мора да се пријават кај сопственикот на земјиштето и локалните власти.

Сепак, Дејвис, кој е осуден на исум и пол, и Пауел, осуден на 10 години затвор,  одлучиле да го задржат богатството за себе и почнале да продаваат монети, било кажано во судот во Ворчестер.

Според британските медиуми, двајцата мажи биле уапсени откако меѓу сопствениците на антикварници почнале да кружат гласини дека поседуваат исклучително вредно богатство и дека го продаваат.

Слични содржини