Двајца доктори ќе се тестираат за коронавирус – Биле на предавање, еден од предавачите бил позитивен на вирусот

од Aleksandar Todeski

Двајца доктори кои биле на предавање ќе се проверуваат дали се позитивни на коронавирус, откако кај еден од предавачите бил откриен коронавирусот, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека е мала веројатноста тие да се носители, но сепак ќе бидат во карантин.

„Во државата викендов се стигнати десетина автобуси и авиони. Сите патници се испрашани, немаме податок дека некој е заболен или дека некој од испрашаните бил во контакт со заболени лица. Бевме известени од СЗО дека двајца наши колеги, а кај еден од предавачите било потврдено дека е заболен од коронавирус. Докторите дошле во земјава во саботата доцна навечер, немале контакт со други луѓе освен семејствата. Ќе бидат тестирани, а ќе бидат и во карантин. Со оглед на тоа што велат дека со тој предавач немале контакти, со оглед на малата експоненција, сметаме дека е исклучително мал ризикот да бидат носители или преносители“, рече Филипче.

Тој извести дека единствената заболена пациентка е добро, односно дека веќе трет ден нема температура, што значи дека се стабилизира состојбата и дека пациентката е во рана фаза на опоравок. Во изминатото деноноќие, нема нови проверки, бидејќи ниту еден граѓанин не се јавил дека се сомнева дека има коронавирус.

„Карантитнот поминува во најдобар ред, епидемилозоите се во конткат со оние кои се во карантин. Тестови има доволно, а тестирани до сега се околу 13 лица. Во тек е набавката за дезинфекциони средства за училиштата. Се отвора постапката денеска, а очекуваме утре да биде потпишан договорот и истите да бидат транспортирани низ училиштата. Остануваме будно да ја пратиме состојбата со коронавирусот. Конзулот во Италија не извести дека земјата има нови построги мерки, па ќе не извести доколку треба и ние да имплементираме дел од тие мерки“, додаде министерот Филипче.

Тој посочи дека кај аптеките каде е извршен инспекциски надзор, не се утврдени покачувања на цените на маските или алкохолот.

Слични содржини