Двајца доктори се суспендирани, по скандалозното породување во клиничката болница во Битола

од Берта Китинска

По добиените сознанија дека на 1.1.2021година во битолската болница ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“, царски рез на родилка извршила сопругата на еден од двајцата доктори кои се суспендирани, а која не е вработена во болницата и е странски државјанин,  Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор

По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската документација за пациентката, изјави дадени од директорот на установата, како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и преземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги преземе следните мерки:

ДСЗИ соопшти дека до министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и преземените мерки од ДСЗИ.

ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата, односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.

ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.

При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот првзел законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.

Слични содржини