Двајца малолетници удриле со мопед во ограда од куќа, еден потешко повреден

од Nikola Popovski

На 23.07.2022 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Радански пат“ во Штип, мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, удрил во врата од ограда на куќа.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Штип, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Слични содржини