Двајца мигранти од Авганистан нападнале и ограбиле Индиец во кумановско

од Nikola Popovski

Полицијата соопшти дека во атарот на кумановското село Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи, во соработка со колеги од полициската станица за граничен надзор Сопот, вчера уапсиле двајца мигранти од Авганистан, А.С.(31) и Д.М.(25).

-За Авганистаниците постои основано сомнение дека извршиле разбојништво врз 28-годишен мигрант од Индија со иницијали Г.С.Г, велат од МВР.

По преземени мерки и по извршен разговор со Индиецот било утврдено дека Авганистанците физички го малтретирале и му одзеле пари.

Украдените пари биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Грција на македонска територија и имале намера преку Србија да заминат кон ЕУ.

Слични содржини