Двајца новозаразени во Србија: Вкупно 48 потврдени случаи на коронавирус

од Nikola Popovski

Во Република Србија, до 18 часот, регистрирани се вкупно 48 потврдени случаи на КОВИД-19.

Од последниот извештај, до 18 часот, биле тестирани 15 лица, од кои 2 биле позитивни. Позитивните пациенти немале потешка клиничка слика за болеста и се во домашна изолација.

Во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак биле тестирани вкупно 283 лица кои ги исполниле критериумите за дефинирање на случај.

Слични содржини