Двајца потешко повредени во сообраќајка во Гостивар

од Nikola Popovski

МВР информира за тешка сообраќајна несреќа во Гостивар. Според полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден било пријавено дека на ул.“Беличица“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Д.С.(41) од Гостивар и товарно возило „рено“, управувано од Ќ.С.(43) од с.Србиново, и двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ќ.С., а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Ш.А.(42) од с.Беловиште и возачот Д.С., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини