Двајца повредени во сообраќајка во кумановско Романовце на воз и автомобил

од Vladimir Zorba

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне во кумановското село Романовце, соопштија oд СВР Куманово и општата болница.

Сообраќајката во кумановската полиција била пријавена во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило, појаснуваат од СВР Куманово и додаваат дека увидот се уште трае.

Директорката на болницата Снежана Захариева информираше дека двајца пациенти биле примени во болницата и по пружената помош се префрлени на скопските клиники.

– Двајцата пациенти се во стабилна состојба, изјави Захариева.

Слични содржини