Двајца Срби на бродот „Дајмонд принцес“ заразени со коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Двајца државјани на Србија членови на екипажот на бродот Дајмонд принцес се заразени со коронавирус, изјави денес министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ за Танјуг истакна дека денес од Министерството за надворешни работи на Јапонија се известени дека двајца од преостанатите 11 државјани на Србија членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, кој бил во карантин во пристаништето Јокохама во Јапонија, тестирани се позитивно на коронавирус.

„Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив, сите наши државјани на овој брод имаат број на телефон од нашата амбасада во Јапонија како и мобилни броеви кои можат да ги повикаат 24 часа, а укажано им е и тоа дека доколку бидат сместени во болница потребно е да бараат да ја контактираат амбасадата“, истакна Дачиќ.

На бродот кој беше во карантин во Јапонија, се наоѓаат 3.700 патници од кои 14 државјани на Србија, меѓу нив 12 членови на екипажот.

Слични содржини