Двајца загинати во пукотница во ноќен клуб во Сан Антонио

од Aleksandar Petrovski

Полицијата во Сан Антонио синоќа се јави на повик од ноќен клуб во градот каде избила караница помеѓу посетители на барот по што едно лице извлекло пиштол и почнало да пука, изјавија од полицијата на прес-конференција.

Вкупно седум луѓе биле погодени во пукотницата, од кои 21-годишен човек починал во клубот, додека второто лице им подлегнало на повредите подоцна во болница, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Од полицијата изјавија дека засега никој не е уапсен и работат на тоа да се идентификува кој го започнал пукањето.

Во клубот истата вечер се одржувал рап концерт.

Слични содржини