Двајцата возачи не биле пријавени во Беса Транс, на едниот му истекол сертификатот

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски попладнево информираше дека двајцата загинати возачи во кобниот автобус на Беса транс не биле пријавени како вработени во компанијата.

-Првиот возач е невработен во компанијата и имал сертификат со важност до 11.2023 година. Вториот возач исто така не бил пријавен како вработен за да ја врши дејноста. Сертификатот му бил истечен во 2020 година, месец септември. Ние во државата од месец март 2021 година е застојот во делот на полагање за сертификатите за возачи. Во изминатите неколку месеци имаме 1500 возачи, на кои им истекол сертификатот и треба повторно да полагаат, рече Бочварски.

Слични содржини