Дванаесет граѓани го загубија животот од коронавирус, најмладиот имал 30 години

од Nikola Popovski

Според последните бројки на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 12 смртни случаи од Ковид-19.

Црниот биланс по градови изнесува: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.

Слични содржини