Дванаесет лица уапсени во Тирана за трговија со дрога

од Vladimir Zorba

Полицијата во Тирана уапси 12 лица за трговија со дрога, додека за шест лица е распишана потерница, соопшти денеска полицијата.

Уапсените се на возраст од 17 до 26 години, пренесува порталот „Егзит“.

При апсењето полицијата запленила наркотични средства и пари.

Порталот „Балканвеб“ наведува дека апсењето е извршено во рамките на акцијата „Парк“, како и дека осомничените се уапсени по една година истрага.

Слични содржини