Денес околу 00.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово, во акциска контрола спроведена во угостителски објект на ул.„Страшо Пинџур” во Тетово, сопственост на А.Б.(44) од тетовско Селце, ги лишиле од слобода Е.С.(22) од Република Србија и Б.С.(27) од Скопје, поради сомнение дека Е.С. го злоупотребила туристичкиот престој, а Б.С. поради сомнение за нејзина инволвираност во трговија со луѓе.

Двете женски лица се задржани во полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Слични содржини