Две европски држави ќе започнат со примена на третата доза од септември

од Stefanija Kuzmanovska

Германија и Франција ќе започнат со примена на третата доза на вакцината против ковид -19 од септември, спротивно на жалбата на Светската здравствена организација (СЗО).

Еден ден претходно, СЗО повика да се одложи третата доза на вакцината додека не се вакцинираат повеќе луѓе ширум светот.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција работи на воведување на трети дози на вакцината против ковид-19 кај постарите и ранливите групи од септември.

„Трета доза веројатно ќе биде неопходна, не за сите веднаш, туку во секој случај за најзагрозените и најстарите“, напиша Макрон на својот Инстаграм профил, пренесува „Ројтерс“.

Германија, исто така, има намера да ги охрабри пациентите со послаб имунитет, постарите луѓе, првенствено корисници на старечки домови, да ја примат третата доза од вакцината, објави германското Министерство за здравство.

Слични содржини