Две глави се украдени од одделни гробници, полицијата се сомнева дека се работи за сатанизам

од Milan1

Две глави се украдени од одделни гробници на гробиштата во Мелбурн, а полицијата вели дека страшното злосторство ги вознемирило семејствата на починатите.

Вршителот на должноста полициски инспектор во Викторија, Бен Џарман, изјави дека првата кражба се случила ноќта помеѓу 27 и 28 јануари, а втората помеѓу понеделникот вечерта и вторникот наутро.

Кражбите се случиле во мавзолеите во задниот дел на гробиштата, а во полиција биле пријавени откако случајни минувачи забележале дека гробовите се оштетени.

Полицијата смета дека ништо друго не е одземено од мавзолејот на гробиштата Футскери, но семејствата на починатите се многу вознемирени од овој инцидент, пишува Гардијан.

Се верува и дека двете лица чии гробови биле мета на разбојниците не се поврзани. Траги беа забележани и околу третото гробно место, но тоа беше однапред купена парцела на која немаше човечки останки.

Џарман изјави дека на полицијата не и е јасен мотивот за злосторството, но не исклучува дека тоа е поврзано со сатанизмот.

„Бидејќи злосторството е толку невообичаено, додека не го фатиме сторителот и не дознаеме зошто, многу е тешко да се каже кој е мотивот“, рече тој, додавајќи дека не знаел за сличен случај во Викторија.

Не е јасно колку луѓе биле вклучени во овие злосторства. „Тешко е да се каже дали дејствувале сами, потребна е многу работа за да се влезе во овие мавзолеи, направена е голема штета“, рече Џарман и вети дополнителни патроли во областа.

Слични содржини