Две лица спасени од урнатините во Кина по земјотрес со јачина од 5,2 степени

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица биле спасени од урнатините по земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што во вторникот околу полноќ го погоди југозападниот кинески град Баошан.

Нема информации за жртви, но жителите во близина на епицентарот во провинцијата Јунан се евакуирани од своите домови, објави денеска „Пекинг њуз“.

Железничкиот сообраќај во областа е обновен откако беше запрен заради безбедносна проверка по земјотресот, објави „Ројтерс“.

Слични содржини