Две лица го загубија животот од корона, уште 80 новозаразени за три дена

од Nikola Popovski

Во Македонија во последните три дена  (од 14.10 до 16.10.2022) се потврдени 80 нови случаи на коронавирус, а две лица починале како последица на заразата. Двете лица се починати во болнички услови.

Од последниот пресек тестирани 953 примероци, објави Министерството за здравство.

Регистриран e 118 оздравен пациент од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.

Слични содржини