Две лица повредени: Со „ауди“ удрил во мотоцикл на автопат па избегал

од Берта Китинска

Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.

Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини