Две лица се самозадоволувале пред влез на казино

од Nikola Popovski

МВР поднесе кривични пријави против две лица поради самозадоволување на јавно место.

Според полицијата, Д.И.(26) од с.Возарци, кавадаречко, и против С.С. од Кавадарци, добиле кривични пријави поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“.

– На 04.02.2022 околу 19.00 часот, на ул.„Пиринска“, односно во 02.00 часот пред влез на казино на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, пријавените мастурбирале пред други лица, информира МВР.

Слични содржини