Две лица уапсени, повредени четири полицајци по протестот во Тетово

од Берта Китинска

Две лица се лишени од слобода, додека 4 полицајци поминале со лесни повред по денешниот протест на роднините на починатите лица во пожарот кој изби во модуларната ковид-болница во Тетово, информираат од МВР за „Локално“.

Оттаму додаваат дека се превземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Роднините на трагично загинатите во модуларната ковид болница денеска одржа протест, притоа барајќи правда за нивните сакни.Револтираните граѓани се упатија кон седиштето на општина Тетово, каде што одржа говор, а потоа со јајца гаѓаа кон зградат на општината.

Во пожарот во модуларната болница, кој избувна вечерта на 8 септември, животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.

Слични содржини