Две лица загинати во сообраќајна несреќа на автопатот Неготино-Демир Капија

од Viktor Jovanov

Две лица денеска го загубија животот откако на автопатот Неготино-Демир Капија  во околу 13:30 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила кои се движеле во спротивни коловозни ленти.  Непосредно по несреќата од здобиените тешки телесни повреди починал 40 годишниот возач на возилото Хјундаи, жител на село Тремник, додека пак на пат кон болницата на повредите им подлегнал 51 годишен жител на Неготино кој бил во автомобил марка Голф 3

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Местото на сообраќајната несреќа е фотографирано, скицирано и издадена е наредба за сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата .

Слични содржини