Две македонски офшор компании се дел од аферата „Пандорини документи“

од Nikola Popovski

Како дел од големата афера „Пандорини документи“, се и две македонски офшор компании.

Ова може да се забележи на мапата што ја постави „Меѓународниот корнзорциум за истражувачко новинарство“, но на неа може да се види само бројот на компании фатени во мрежата на истражување поединечно по држави, но не и имињата на сопствениците и фирмите.

Околу 35 сегашни и поранешни лидери и повеќе од 300 функционери се поврзани со документи од офшор компании наречени „Пандорини документи”.

Бројни лидери, вклучувајќи го и чешкиот премиер, кралот на Јордан и претседателите на Кенија и Еквадор, сокриле средства во офшор компании за да избегнат данок, покажа истрагата објавена во неделата од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Властите во Чешка вчера на Твитер објавија дека ќе ги испитаат оние што се наведени во Пандорините документи, вклучувајќи го и премиерот Андреј Бабиш, кој е среде предизборна кампања.

Во најновите откритија на мрежата ИЦИЈ се наведени и имиња на други Европејци, како црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра. Ѓукановиќ поседувал повеќе оф шор фирми на британските Девствени Острови, кои му ги препишал на синот пред да стапи на функција. Ѓукановиќ пред новинарите отфрлаше какво и да е погрешно однесување. Холандскиот министер за финансии наведува дека го продал уделот во фирмите-поштенски сандачиња непосредно пред да стане министер во 2017 година.

Слични содржини