Две малолетни лица се приведени: Извршиле тешка кражба во Трговски центар

Две малолетни лица се приведени вчера во Скопје, поради извршена тешка кражба во објект во градскиот трговски центар, информираше полицијата.

Малолетниците биле приведени вчера во 14 часот од полициски службеници од Полициската станица Карпош. Украдените предмети им биле одземени и вратени на сопственикот.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“

 

Слични содржини