Две охридски плажи добија пристапни рампи за лица со инвалидитет

од Vladimir Zorba

Охридските плажи „Љубаништа“ и „Горица 3“ од денеска добија пристапни рампи за лица со инвалидитет, донација од невладината организација СОС Балкан Медија во соработка со Општина Охрид.

Покрај пристапни рампи, градоначалникот Кирил Пецаков информира дека за инвалидизираните лица, на двете плажи достапни се и електрична количка, која ќе ги вози до рампата.

Изрази надеж дека иницијативата ќе ја следат и хотелиерите, но и да не го направат тоа, Локалната самоуправа рече дека е подготвена во
наредните години да помогне во изградба на пристапни рампи за инвалидизираните лица и охридските плажи да ги приближи кон европските и светските стандарди.

Пристапните рампи за лица со инвалидитет што се поставени на плажите „Љубаништа и „Горица 3“ се монтажни, а невладината СОС Балкан медиа ги даде во сопственост на јавното претпријатие „Комуналец“ кој ќе се грижи за нив. На крај од летната сезона ќе ги отстрани, а во текот на наредното лето повторно ќе ги постави.

Слични содржини