Две причини поради кои Терим го „откачи“ Алиоски

од Nikola Popovski

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски беше на чекор да се пресели во Галатасарај, но трансферот пропадна во последен момент.

Тренерот на истанбулскиот тим Фатих Терим вели дека поранешниот играч на Лидс побарал многу пари, но има и друга причина.

„Алиоски побара 7,5 милиони евра за три сезони. Покрај тоа, тој не е класичен лев бек. Секако, одбив да го ангажирам “, изјави Терим пред реваншот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите против ПСВ.

Македонскиот фудбалер е близу до ангажман во саудискиот клуб Ал-Ахли од Саудиска Арабија, иако последните информации што пристигнуваат се дека и тој трансфер нема да се реализира поради тоа Алиоски повторно побарал премногу од она што клубот може да си го дозволи.

Слични содржини