Две третини од антивирусите на Android не вршат работа

од Vlatko K

Повеќето антивируси на Android мобилните телефони практично не прават ништо – тие не се
справуваат со главната задача, за која се дизајнирани – да ги заштитат корисниците од вируси,
според студијата на AV-Comparatives.


250 антивируси се тестирани во официјалната продавница за апликации на Google Play. Само околу
една третина (80 апликации) успеале да откријат над 30% од заканите за време на тестовите.

Тестовите не биле особено сложени – експертите инсталирале антивирус на уред со Android, а
потоа го отвориле прелистувачот за да преземат и инсталираат штетна програма.

AV-Comparatives тестирала по 2.000 пати секој од антивирусите, користејќи 2.000 од најчестите
видови малициозни програми за Android, откриени минатата година.

Резултатите од тестовите покажуваат, дека неуспешните 170 од вкупно 250 антивируси за Android
се напишани од програмери-аматери или развивачи на софтвер, кои практично не размислуваат за
безбедноста на податоците на корисникот.

Слични содржини