Двете дози вакцини против ковди создаваат „ѕид“, а третата само го зајакнува, вели др.Мехмедовиќ

од Берта Китинска

Во државата сè уште не е регистриран случај на заразен со омикрон и сè уште е доминантна делта варијантата.

Д-р Злате Мехмедовиќ смета дека, иако е рано, идно сценарио за четврта доза вакцина против коронавирусот сепак постои.Тој вели дека двете дози создаваат „ѕид“, а третата само го зајакнува.

-Третата бустер доза ќе биде сосема доволна, кога е во прашање сојот омикрон. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија, вели Мехмедовиќ во изјава за ТВ Канал 5.

Според него, треба да бидеме подготвени во секој случај, без разлика на тоа која варијанта на вирусот е доминантна во моментов.

-Постојат можности за четврта доза, вели Мехмедовиќ.

Последните податоци покажуваат дека, досега 48 отсто од полнолетното население е имунизирано.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 2714, следи Битола со 457, Прилеп – 336, Кавадарци – 251, Охрид – 222. Во другите градови тој број е под 200, а во Дебар во моментов нема ниту еден активен случај.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Слични содржини