Движење за поддршка на Марин: Жени масовно објавуваат свои видеа како се забавуваат

од Vladimir Zorba

Откако беа објавени видеата на кои финската премиерка Сана Марин се забавува на приватни забави, жените ширум Финска почнаа да покажуваат поддршка објавувајќи свои снимки од забави и ја „тагираа“ Марин во објавите.

Дискусијата за танцувањето и пеењето на финската премиерка Сана Марин не престанува да ја окупира светската јавност, особено откако се појавија нови снимки на кои се гледа како таа танцува со пејачот Олави Усивирт во клуб во Хелсинки.

„Нема ништо несоодветно“

„Да, точно е, јас сум мажена жена, но мислам дека тоа се работи кои се однесуваат на мојот приватен живот и немам намера детално да ги коментирам. Инаку, мислам дека не се случува нешто непримерно во тоа видео“, изјави Марин.

Во четвртокот беше објавено првото видео на кое се гледа како 36-годишната премиерка танцува со познати домашни инфлуенсери и уметници во приватен стан, пред да оди во клуб.

Марин рече дека била подложена на тест за дрога во петокот, откако некои фински новинари напишале дека слушнале коментари за присуството на дрога на забавите.

Видеата и фотографиите жестоко ја поделија нацијата и започнаа дебата за јавните настапи на премиерката Марин.

Слични содржини