ДВОЈНО ПОГОЛЕМ БРОЈ ПАЦИЕНТИ СО РЕСПИРАТОРНИ ПРОБЛЕМИ: „Лани ова време имавме 40 – 50 прегледи дневно, сега бројката стигнува и до 90“

од Mimi Spasovska

Од година во година со доаѓањето на ноември почува сезоната на зголемени респираторни инфекции, но оваа есен во својата ординација во скопската населба Аеродром лекарот Игор Даевски гледа двојно повеќе пациенти кои кашлаат, или имаат чувство на гребење и сувост во грлото или пак киваат.

Лекарот Дабески за „Локално“ вели дека е загрижен дека од 60 до 80 прегледи дневно колку што ги остварува секој ден овој месец, најголемиот процент се со респираторни проблеми.

Во време на вируси и настинки, загадениот воздух е дополнителна причина поради која повеќе луѓе кашлаат ни кажа тој.

Игор Дабески

Игор Дабески

„Енормно е  зголемен бројот на пациенти во мојава ординација. Лани ова време имавме од 40 до 50 прегледи дневно, а сега бројката во некои денови стигнува и до 90 прегледи на ден. Денеска имав 65 прегледи а 85 проценти од нив се со респираторни проблеми“, истакнува тој.

Колку загдувањето  на воздухот влијае и и е причина плус за респираторниве проблемм незнам да кажам со сигурност, вели Дабески, но укажува дека лабараториските аналзи укажуваат дека има поврзаност.

„Некогаш во резултатот нема поместувања дека е инфекција и оти тоа може да оди во прилог на тоа дека е од загадување. Инаку меѓу пациентите од школи и градинки има и бактерски инфекции“, вели доктор Дабески за „Локално“.

На опасностите врз здравјето  од загадениот воздух деновиве предупредија и  најновите извештаи кои алармираат дека 250 илјади Европјани починале во 2020 година како последица на штетниот  воздух.

Кај нас Институот за јавно здравје оваа година  излезе со податок дека 15 проценти од смртнитте случаи во Битола се последица на загадениот воздух.

За високото аерозагадување во Македонија изработени се и повеќе истражувања кои укажуваат на ризикот врз здравјето на илјадници граѓани особено кај децата.

Но почист воздух, кој е позициониран на највисоко место во плановите интегрирани во Зелената агенда, оваа есен  и зима повторно нема да има  Овој пат поради неизвесноста од енергетската криза и растечката инфлација.

И министерот за за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини потврди дека очекува аерозагадувањето зимава да биде поголемо.

Во фокусот на Власта годинава се настојувањата да  набави потребни количини на јаглен и мазут за производство на струја, јавноста е сведок дека во некои топлани повторно се враќа мазутот како во Топланата Север во скопски Чаир а натаму има неизвесност дали топланите во Скопје ќе обезбедат гас, во спротивно ќе треба да употребуваат мазут за скопјани да имаат парно греење.

„Имавме доста дебати и со министерот за животна  средина , но релноста е дека ние ќе имаме загадување како пред ковидот кога беше доста високо во Скопје зашто ништо не е сменето, зашто и натаму на улиците продолжува да се зголемува бројот на возила, а дополнително се враќаат во употреба и нееколошките фисилни горива.“, кажа неодамна  за „Локално“ Татјана Стојановска од 02 иницијаива

Во меѓувреме лекот за Скопјани и во препораките на лекарите  е во придржување до периодични и краткорочни мерки.

„Што почесто одење на Водно и во природа“, препорaчува Доктор Дабевски.

М.С.М.

Слични содржини