„Двојниот мутант“ се шири во САД, Канада и Британија

од Берта Китинска

Бројот на регистрирани случаи на ковид-19 во Индија денес се искачи над 24 милиони од почетокот на пандемијата.

Индискиот мутант B.1.617 е пронајдена во САД, Канада и некои други земји, изјави Хаиро Мендез, експерт на Светската здравствена организација за заразни болести, пренесува Ројтерс

Луѓето заразени со индискиот вид се исто така патници кои биле во Панама или Аргентина и дошле од Индија или Европа.

На Карибите се пријавени случаи во Аруба, Сент Мартин и Гвадалупе.Б.1.617 е откриен во Велика Британија, како и во Сингапур.

“Новите соеви имаат поголема можност за инфекција, но досега не најдовме колатерални последици. Единствената грижа е што тие се шират побрзо”, рече Мендез.

Британската служба за јавно здравје потврди дека бројот на случаи на индиски вирус се зголемил двојно минатата недела, така што биле регистрирани 1.313 случаи низ Велика Британија.

„Ние сме загрижени што вирусот се шири“, рече британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека ќе се одржи состанок за тоа што понатаму и дека „не исклучува ниту една опција“.

Според индиското Министерство за здравство, во Индија денес починале 4.000 лица, а пријавени се нови 344.144 нови случаи.

Ова е трет последователен ден во кој се забележани повеќе од 4.000 смртни случаи, но бројот на пациенти почна да опаѓа, бидејќи просекот од минатата недела беше 414.188.

Слични содржини