Двојниците на Трамп и Ким избркани од отворањето на Олимписките игри

од Vladimir Zorba

Двојниците на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, беа замолени да ја напуштат церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Двојката привлече премногу внимание и организаторите побараа од нив да излезат, бидејќи таа ќе го украдеше шоуто од церемонијата.

Инаки, и двајцата вистински политички лидери, кои беа во затегнати односи во последниве неколку месеци, не присуствуваа на олимпискиот стадион, но испратија свои високи функционери.

Сепак, имаше многу претседатели и премиери во ВИП-ложата.

Слични содржини