Двојно зголемени социјалните, воведени стипендии за втор и трет циклус студирање дома и за дефицитарните професии

од desk4

Течат роковите за студентите и средношколците електронски да се пријават во МОН за добивање стипендии. Од МОН најавија дека од есен двојно се зголемуваат социјални стипендии, се враќаат стипендиите за втор и трет циклус студирање дома, а ќе се стипендираат и дефицитарните струки. Студентите од социјално ранливите семејства за студентски оброк месечно ќе добиваат околу 9000 денари, а оние кои немаат право на стипендии ќе добиваат по 2400 денари.

Социјалните стипендии се зголемуваат за 100%, од 3000 стануваат 6050 денари.Ученичките , некои беа 2000, некои 2200 , некои 2900 денари.Сега сите се усогласуваат на ниво од 3500 денари. Додека кај Хемија, Физика и Математика, за студентите имаме покачување на 18 000 денари затоа што тие навистина се дефицитарни во државата. И после 10 години имаме враќање на стипендирањето за втор и трет циклус студии во државата. Сега , на овој начин обезбедивме факултетите да добијат 50 стипендии за втор циклуси и 15 стипендии за трет циклус. Втор циклус се 9000 ден. стипендиите, трет циклус се 18 000 ден.

Слични содржини