DxOMark ја тестира камерата на Xiaomi Mi 9

од Vladimir Zorba

Xiaomi уште не заврши со претставувањето на Mi 9, но DxOMark ги објавува своите детални испитувања на фотографските можности на уредот. Тој е првиот за кинеската компанија со тројна главна камера која комбинира 1/2-инчен 48MР сензор (може да обезбеди 12MР слики), 12MР со 2x телефото оптика и 16МР сензор со ултра широкоаголна оптика и видно поле од 117 степени.

Смартфонот добива оценка од 107 поени, што го прави најспособниот уред на Xiaomi што е тестиран од DxOMark. Така се рангира веднаш по Huawei Mate 20 Pro и P20 Pro.

Фотографска оценка е 112 поени, а според сајтот ова се должи на способноста на камерата да снима квалитетни слики во речиси секакви услови.

Пофалби добива точната изложеност, пријатните бои и вистинскиот баланс на белата боја. Оценката за снимање на видео е 99 поени, што е најдобар резултат досега во тестовите на DxOMark.

Уредот е и првиот што стандардно снима 4K видео, a од сајтот велат дека доловува големо количество детали при снимање на отворено и затворено, но во исто време го задржува нивото на бучава ниско.

Слични содржини