На прво место вина за тоа имаат ја  гнилите  италијански банки, кои имаат потреба од итна реорганизација. Легендата меѓу инвеститорите Џорџ Сорос гледа во комбинирањето на “Брекзит “, банкарската криза и проблемите со мигрантитекако  значителен ризик за Европската унија. За 4957413оваа причина, тој нуди да се создаде елитен клуб на европските држави. Сорос e познат по тоа што влијае на болните прашања. Притоа тој не се ограничува само со предупредувања. Истовремено со тоа инвеститорот пушта во акција и од своите  милијарди. Неодамна Сорос освои 100 милиони евра од “Дојче банк”, штом предупреди за новата банкарска криза. Не е случајно што своето прво големо интервју по одлуката на Британците за “Брекзит” тој  го даде за италијански весник. Бидејќи Италија со своите распаднати банки се смета за економски барутно буре на континентот. Државата која може да доведе до следната должничка криза, посериозна отколку во Грција. На крајот на јули се очекуваат резултатите од европските стрес тестови за банките и тогаш ни се заканува следната економска непријатност. Истовремено со тоа Сорос веќе смета дека политичките проблеми претставуваат голема закана.

“По” Брекзит на  “Европската унија се заканува смртна опасност”, рече тој во интервју за “Кориере дела Сера”. Европа треба да се претвори во обединување, кое повторно треба да изгледа атрактивно и кон кое и Велика Британија своевремно побара да се приклучи. “Само тогаш Европа може да преживее”.

Слаба точка на еврозоната  е внатре во ЕУ

.Сорос смета дека Италија е најголем предизвик. “Земјата е слабото место на Еврозоната”, вели милијардерот. За тоа на прво место се виновни гнилите  банки кои имаат потреба од итна реорганизација.

итали Тој има јасен предлог за решавање на кризата. Институционалните кредитори треба да бидат привлечени кон санкциите, а на приватните да се обноват загубите. Правилата на банкарскиот унија мора да се почитуваат. Одлуката на Сорос личи на стрес тест за светските банки. Според податоците на Банката за меѓународни порамнувања италијанските банки имаат обврски од 80 милијарди долари кон француските, германските, шпанските финансиски институции, како и кон оние во САД. Германските очекуваат од своите италијански конкуренти 11,5 милијарди долари, а француските цели 40 милијарди долари.

Турција – другата  слаба единица

Следниот опасен фактор за Сорос е Турција. “Договорот со Турција е премногу слаб фундамент за да се гради врз него европската имиграциски политики”. Преговорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со Русија го  менуваат соодносот на силите на штета на ЕУ. Тука Европа мора да најде силен одговор.

4957414Неодамна легендарниот инвеститор, милијардер и политички стратег предупредува  дека Русија успешно оди по патот кон претворањето во самодржава. Сорос  го споредува овој процес со врзани  садови. Додека ЕУ  го губи своето влијание и сили, Кремљ  го зголемува своето глобално влијание. Тука новиот европски клуб треба да создаде силна  противтежа. Сорос упатува на Европа на две брзини. Разликата меѓу еврозоната и Европската унија треба да биде појасна. Со земјите кои не се членки на еврозоната, треба да има друг пристап. А ЕУ треба да се грижи единствено за внатрешната и надворешната стабилност. Бројот на мигрантите се  намалува само затоа што е затворен балканскиот правец. Сега мигрантите ќе бараат нови патишта, на пример, во Либија или Египет.

——

Холгер Цшепиц “Ди Велт”.

Слични содржини