ДЗС: БДП во првото тромесечје е минус 1,9 проценти

од Nikola Popovski

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2021 година е -1.9 %.

Во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 1.7 %, Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 0.5 % и А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 0.3 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 1.8 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 65.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.3 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.2 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2021 година бележат опаѓање во делот на промената на залихите.

Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк  во најновиот макроекономски извештај оценува дека негативната стапка на БДП во првиот квартал од годинава е последица од третиот бран на пандемијата кој беше проследен со рестриктивни мерки.

Од таму наведуваат дека ако економските текови се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента, проекцијата за растот на БДП би била 4,1 процент.

Слични содржини