ДЗС ќе добива информации за лицата кои се во изолација со цел да се планира нивното попишување

од Берта Китинска

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика, на денешната прес-конференција уште еднаш ја потврди важноста од спроведување на успешен попис и се осврна на посветеноста на Државниот завод за статистика за непречено спроведување на истиот. Во однос на обидите за злоупотреба на податоците, таа истакна дека Законот за попис и усвоената методологија се многу јасни. Се знае кој и како може да се попише, а јасни се и санкциите за секој еден што ќе се обиде да ги злоупотреби.

Апликациите се направени така да можат да ги детектираат сите обиди за злоупотреба и да ги следат лицата кои тоа го направиле.

Во однос на здравствениот протокол и попишувањето на лица кои ќе бидат во изолација, Ѓоргиева информираше за соработката со Министерство за здравство и Мој термин, од каде редовно ќе добиваат информации за сите граѓани кои се во изолација со цел да се планира нивното попишување.

 

Слични содржини