ДЗС: Цените на мало зголемени за 5,6%, а трошоците за живот за 3,7%

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало изнесува 99.5.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 % и млекото за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 %, туристичките пакет-аранжмани за    9.3 %, услугите за сместување за 3.3 %, книгите за 1.2 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 %, обувките за 0.3 % и моторните возила за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 %, пивото за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.4 %, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 %, гасот за домаќинствата за 2.2 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 %, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 %, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.6 %, текстилот за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, рестораните и кафулињата и сл. за        0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6 %.

Слични содржини