319
БРИТАНСКАТА актерка Флоренс Пју раскина со фотографот Чарли Гуч по една година врска, пишува Дејли Меил.
27-годишната ѕвезда на „Опенхајмер“ наводно ја прекинала врската поради зафатениот распоред. Извори блиски до парот за странските медиуми изјавиле дека Флоренс и Чарли повеќе не можат да одржуваат врска на далечина.
„Таа не тагува и добро е сама. Нема замерки меѓу нив. На своите пријатели им кажала дека не е во врска, но тие не би биле изненадени ако Флоренс се предомисли по некое време”, рекол извор близок до актерката.
Инаку, актерката летово го запознала Чарли со родителите, а наводно се разделиле во пријателски односи.