Е-спорт пазарот во следните 5 години ќе достигне вредност од скоро 1,9 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Иако е-спортот до неодамна беше мала гранка на спортската култура, забрзаниот развој придонесе тој да стане посебна индустрија. Новите истражувања покажуваат дека интересот за новата индустрија нема да стивне наскоро и се предвидува дека глобалниот пазар на е-спорт ќе достигне бројка од 1860,2 милиони (1,86 милијарди) долари до 2026 година. За споредба, во 2019 година пазарот беше голем 691,6 милиони долари.

Главните фактори кои влијаат на развојот на спортот се зголемената популарност на видео игрите, огромните инвестиции, стримингот и зголемувањето на инфраструктурата за турнирите. Пазарот за игри на Интернет, исто така, расте со солидно темпо поради усвојувањето на напредни технологии за игри, еволуцијата на преференциите за забава на клиентите, растот на приходите и зголемената побарувачка за игри на мобилна телефонија. Пенетрацијата на мобилните телефони и зголемувањето на пристапноста до Интернет се очекува да влијаат на континуираниот раст на пазарот на е-спорт.

Новите генерации сметаат дека спортот е валидна професија поради растот на гејмерските турнири, импресивните меѓународни наградни фондови, приходите од стриминг и присуството на се поголем број на спонзори. Универзитетот и факултетите, исто така, започнаа да создаваат спортски програми за развој на талентирани идни професионалци. Иако минатата година беше многу тешка за е-спортот, покрај фактот што гејмингот бележи невидени резултати, бројот на заинтересирани страни за некаква форма на учество во е-спорт сцената и индустријата не се намалува.

Слични содржини