Ед Ширан доби повеќе од милион евра отштета

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот поп-музичар Ед Ширан доби повеќе од еден милион евра како отштета за правни трошоци по успешната правна борба против авторите кои го обвинија за плагијат.

31-годишниот музичар го доби случајот пред Високиот суд во Лондон на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.

Судот одлучи дека Ширан „ненамерно“ или „несвесно“ ја копирал мелодијата на песната „Oh Why“ на Сами Чокри и Рос О’Доногју од 2015 година во неговиот хит „Shape of You“, еден од најпродаваните во светот.

Во дополнителната пресуда, донесена во вторникот, судијата Ентони Закароли пресуди дека тужителите мора да платат судски трошоци од 916.000 фунти.

За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли обвинувањата дека „позајмил“ мелодија од непознатите композитори, а нивниот адвокат, иако ја признава „генијалноста“ на британскиот пејач, го нарече „страчка“, мислејќи на птица која често се нарекува крадец.

Слични содржини