Ед Ширан ќе стане татко

од Vladimir Zorba

Ед Ширан и неговата сопруга Шери Сиборн, со која е заедно од тинејџерски години, го очекуваат своето прво дете. Иако се доста мистериозни и со години успешно ја кријат својата интимност од љубопитната јавност, британските медиуми дошле до информации дека славниот музичар и неговата сопруга наскоро ќе станат родители.

Тие ја дознаа среќната вест за бременоста на почетокот на карантинот, а сега се на само неколку недели од раѓањето на своето прво дете.

Во брак се две години, а во врска се уште од раните средношколски денови. Тие во моментов се во последните подготовки за раѓање на бебето. Тие го обезбедуваат својот нов дом на периферијата за наследник или наследничка.

„Ед и Шери едноставно се задоволни и возбудени, но како што знаете, тие сакаат да го одржат сето тоа во својот круг на луѓе и семејство. Карантинот им послужи добро како изговор да не излегуваат никаде, така ретко кој од нивните пријатели знаеше дека наскоро ќе станат родители, но како што се приближуваше крајниот рок, тие им кажаа на најважните“, рече еден од инсајдерите за „Дејли Мејл“.

Идните родители пораснаа заедно во еден мал град на северот на Англија, присуствуваа во истото средно училиште, а потоа избувна љубовна врска која продолжува до ден-денес. Во декември, пред две години, Ед Ширан тајно се ожени со љубовта на својот живот, скромната Шери.

Мистериозната Шери, велат тие, отсекогаш била вистинската за Ед. Штом ја запозна, знаел дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Тој најголемиот дел од своите балади ги посвети на неа, од кои вреди да се спомене песната „Perfect“, во која таа послужи како главна инспирација.

Слични содржини