Еден детаљ од убиството на бугарската новинарка открива сè: Не ја убиле поради истражувачка работа, мотивот е страшен и злокобен

од desk2

Локалниот бугарски портал “Ruse24” пренесува дека на неколку метри од местото каде било пронајдено телото на убиената новинарка Викторија Маринова, пронајден бил и дел од црвена маица која ја носела тој ден.

Претходно, регионалниот обвинител Георги Георгиев, потврдил дека дел од нејзината облека, клучеви од автомобил и нејзиниот мобилен телефон исчезнале. Исто така, инспекторите потврдиле дека на местото на убиството биле пронајдени многу ДНК примероци, што за многумина е доказ за случајно одбрана жртва.

Таквиот став го поддржува и бугарскиот криминолог Ботево Ботев, кој гостувајќи во утринската програма на БТВ рекол дека верува дека мотивот за убиството нема врска со истражувањето за корупцијата на која Маринова работела последните месеци, туку дека станува збор за “обичен случај”.

Напаѓачот е “психопат на кого не му е прв пат да напаѓа жени”, рекол Ботев, потсетувајќи на несреќниот случај од бруталното убиство на жена во истиот град, кое се случило пред повеќе од 10 години, и неколку убиства во Софија, на кои исто така им претходело силување, а кај кои жртвите се избрани случајно.

Сепак, колегите на убиената новинарка не се согласуваат со тоа, а дури и повикуваат истрагата да ја преземат меѓународни инспектори, сомневајќи се во бугарската полиција. Еден од нив ед Асен Јорданов, сопственик на независниот истражувачки портал Bivol.bg.

“Ние повикуваме на независна истрага. Сакаме независни европски инспектори да бидат вклучени во истрагата бидејќи веруваме дека бугарските власти се дел од криминална мрежа”, рекол тој.

Токму новинар на порталот “Бивол” бил еден од последните гости во емисијата “Детектор”, која Маринова неодамна ја почнала на БТВ. Истражувачкиот новинар Димитар Стојанов и неговиот колега Атила Биро од проектот “Romanian Rise Project”, со Маринова разговарал за малверзациите со пари од фондовите на ЕУ, во кои се вклучени познати бизнисмени и политичари, а кои нивните организации ги истражувале како дел од поширок проект кој го финансира фондот на Европската комисија IJ4EU и Европскиот центар за слобода на медиумите.

“Bivol.bg” на 10. септември објавил текст со наслов “GPGate: Консултантски компании вклучени во голема корупција со ЕУ фондови и јавни набавки”, во кој се тврди дека компаниите поврзани со “GP” групата давале мито и манипулирале со јавна набавка. Портпаролот открил и како се одвивала кражбата на пари – паралелни сметки во количини, помалку завршена работа од планираната, помалку користен материјал од наведеното, но притоа се било уредно наплатено од јавните тела во полн износ. Како што велат, разликата во износите е “корупцискиот данок”, во износ од 30 до 40 проценти. “Bivol.bg” наведува дека е малку веројатно дека шемата на GP е исклучок и дека веројатно постојат неколку слични мрежи во земјата околу “сите главни играчи во јавната набавка и апсорпцијата на фондовите на ЕУ”.

За тендерите да минуваат лесно и проектите да напредуваат, консултантите, се наведува во извештајот, се подмитуваат на сите нивоа – од заменици министри се до ревизори, а тоа го заклучиле проучувајќи ги тајните од сметководителските книги на компаниите “Rila Consult”, “Europrogramconsult”, “M Consult Finance”, “EU Energy Project” и други.

Провизиите, кои чинеле 55 проценти од приходите на консултантските компании, уредно се гледаат во табели на Excel, а уредниците на порталот “Bivol” располагаат со оние од ноември 2013. до февруари 2015. година.

Извештајот за малверзациите во неколку градежни проекти завршува со најава дека резултатите ќе бидат проследени до OLAF.

Инаку, сопственикот на порталот “Bivol.bg”, Асен Јорданов, за “AFP” изјавил дека веќе добил информации дека неговите новинари се изложени на опасност поради својата истражувачка работа.

Слични содржини