Еден гол ја делеше Рома од ново чудо

од Vladimir Zorba

Ливерпул се квалификуваше за финалето на Лигата на шампионите и покрај поразот од 2:4 од Рома.

Така со вкупен резултат 7:6 Ливерпул ќе се сретне со Реал Мадрид во директен спор за трофејот, откако големиот натпревар ќе се одигра на 26 мај во Киев.

Судирот на „Олимпико“ ги оправда очекувањата за спектакл и многу голови. Англичаните на два пати поведува преку Садио Мане (9) и Жоржињо Вајналдум (25), но „волците“ не се предаваа и израмнија преку автогол на Џејмс Милнер (15) и погодокот на Един Џеко (52).

Во 86-тата минута Раџа Наинголан се запиша за 3:2, а во продолжението повторно тој беше прецизен за 4:2, но време за повеќе немаше.

Реал (12) и Ливерпул (5), кои имаат вкупно 17 трофеи во КЕШ / ЛШ ќе играат финале меѓу себе само по втор пат. Првото датира од 1981 година, кога во Париз англискиот тим победи со 1: 0.

Слични содржини