Еден мејл во рани зори ги уништи животите на 2.700 луѓе

од Nikola Popovski

Тод Еванс, извршен директор на United Furniture Industries со седиште во Алабама, отпушти 2.700 вработени во рани зори.

Во мејлот што го испратил до сите вработени пишувало дека ги известува дека им „прекинал“ работниот однос и дека следниот ден не доаѓаат на работа.

„Согласно инструкциите на одборот на директори, со жалење ве известуваме дека поради непредвидени деловни околности, компанијата беше принудена да донесе тешка одлука да го прекине работниот однос на сите свои вработени, стапува во сила веднаш – 21 ноември“, пишувало во мејлот.

Потоа добиле уште една е-пошта во која пишувало дека нивното отпуштање од компанијата ќе биде трајно и сите бенефиции ќе бидат веднаш прекинати.

Работата да биде уште полоша, бидејќи мејлот пристигнал во време кога повеќето работници спиеле, добар дел од нив не го ни прочитале и дошле на работа наутро. Тогаш дознале уште полоша вистина – нема да добијат ниту отпремнина.

Исто така, доставувачите кои биле на пат во моментот на испраќање на мејлот морале веднаш да се вратат во магацинот за да го предадат своето возило.

Еден од вработените изјавил дека ќе му биде исклучително тешко да го преброди периодот по отказот, особено што наскоро доаѓа и сезоната на празници.

„Тоа дефинитивно ќе се одрази на моето семејство и на моите непосредни планови и не знам на кого да се обратам и што да правам сега“, вели работникот.

Поранешната вработена, Торија Нил, поднела тужба против нејзината компанија, велејќи дека ненадејното отпуштање го прекршило федералниот закон бидејќи на вработените не им било дадено известување 60 дена пред раскинувањето.

Таа тврди и дека нејзините поранешни работодавци го прекршиле Законот за усогласување и преквалификација на работниците.

Инаку, овој начин на отпуштање работници е доста редок, но економистите предупредуваат дека поради зголемената инфлација, многу компании ќе бидат принудени на вакви потези.

Слични содржини