Еден милион им беше малку: Колку пари заработија „Пријателите“?

од Stefanija Kuzmanovska

Откако „Пријатели“ се вратија на малите екрани, се повеќе и повеќе се пишува за нивната заработка. „Дејли Стар“ откри колку пари добивале актерите од серијата „Пријатели“ во минатото, колку добиле по завршувањето на снимањето на оваа култна серија, но и колку добија за специјалната епизода „Friends: The Reunion“.

Според извештајот на „Deadline“, од минатата година вкупниот износ на пари предвидени за хонорарите на актерите бил дури 20 милиони долари, а на секој од шесте членови на актерската екипа им биле исплатени од 3 до 4 милиони. Сепак, „Варајети“ објави дека секој актер заработил 2,5 милиони долари за специјалниот собир. „Волстрит журнал“ пишува дека на оригиналната екипа првично им биле понудени милион долари за специјалот, што тие го одбиле, и бројката нагло се зголемила.

Култната серија што го полуде целиот свет, „Пријатели“, деновиве се врати во центарот на вниманието на јавноста поради премиерата на специјалната епизода „Friends: The Reunion“ на HBO.

Според „Обсервер“, претплатата на „HBO Max“ расте од ден на ден.

Слични содржини