Еден обвинет затоа што чувал марихуана во тегли од лутеница и ајвар

од Nikola Popovski

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против 27-годишен скопјанец за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, при претрес на домот на обвинетиот во Влае, на 14 декември 2019 година, беа пронајдени 28,66 грама наркотична дрога – марихуана, како и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и психотропни супстанции. Обвинетиот 27-годишен скопјанец дрогата ја чувал во стаклени тегли со натпис „лутеница“ и „ајвар“.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.

Слични содржини