Еден од најголемите хитови на Тоше Проески крие шокантна животна приказна

од Nikola Popovski

Покојниот пејач Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година, а денес овој уметник ќе наполнеше 31 година, доколку прерано не го загубеше животот во сообраќајна несреќа. Публиката која го сакаше сè уште го памети по неговите големи хитови и емотивните, романтични балади. Една од нив, песна која е меѓу петте најдобри хитови на Тошет, зборува за тажна судбина.

Станува збор за песната „Соба за тага“, а како што пишуваат српски медиуми, текстот го напишал маж кој издржувал затворска казна, бидејќи ја убил љубовницата на својата девојка.

По извесно време текстот стигнал до менаџерот на Тоше, кој му го покажал на пејачот, кој набрзо го снимил.

Првите чекори во музичката кариера Проески ги направи уште во раното детство, кога во 1992 година настапи на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Јас и мојот дедо“ отпеана на цинчарски јазик.

Професионалната музичка кариера ја започна на фестивалот „Мелфест“ во 1997 година, каде што победи изведувајќи ја песната „Yesterday“ од Битлси. Истата година учествува на „Макфест“ со песната „Пушти ме“, го издава својот прв албум „Некаде во нота“ со единаесет песни, а летото истата година го одржа и првиот солистички концерт.

Загина во сообраќајна несреќа во раните утрински часови на 16 октомври 2007 година на автопатот Е70 Загреб – Липовац, кај Нова Градишка, на околу 150 километри југоисточно од Загреб.

Според непотврдени информации, причина за несреќата е неприлагодена брзина на возилото. Во возилото биле Горѓи Георгиевски, Тоше Проески и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. Се претпоставува дека од силината на ударот во камионот Тоше Проески починал на лице место. Возачот Георгиевски поминал со потешки телесни повреди, додека Љиљана Петровиќ со полесни телесни повреди.

Слични содржини