Еден од најзгодните холивудски актери се здебели до непрепознатливост! (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Марк Волберг објави фотографија на Инстаграм, покажувајќи ја драматичната телесна трансформација што ја помина за само три недели поради неговата нова улога во филмот „Татко Сту“.

Американскиот актер минатиот месец во шоуто на Џими Кимел откри дека планира да качи 13 килограми за шест недели, а во понеделникот го сподели напредокот со неговите 16,3 милиони следбеници.

– Пред три недели и денес. Благодарение на кујната @chef_lawrence_d – напиша тој под две фотографии на кои се гледа Волберг без кошула. На едната може да се видат стомачните мускули, а од друга, снимени по само три недели, лесно може да забележите колку се здебелил, а од стомачните нема трага.

Додека зборуваше за своите планови за зголемување на телесната тежина рече дека ќе јаде што ќе му дојде, по долг период на строга диета.

– Сакам да одам во пекари, сакам да јадам палачинки, сакам да јадам се што ќе ми дојде при рака – рече актерот кој ги шокираше обожавателите во 2018 година кога детално го откри својот режим на исхрана.

Тогаш рече дека обично станува во 2.30 часот навечер и се моли 15 минути. Појадува во 3.15 часот, а потоа вежба од 3.40 до 5.15 часот. Потоа повторно јаде и се тушира. До 7.30 игра голф, одмара и има ужинка, а во 9.30 часот оди во сауна каде се опоравува од тренингот. После тоа, тој се фокусира на својата работа, без разлика дали тоа е неговата холивудска кариера или неговите инвестиции. 49-годишниот актер, всушност, има свој ланец ресторани „Валбургер“. Слободното време го посветува на семејството.

Неговиот распоред остави некои во неверување, па многумина се прашуваа дали е вистина тоа што го објави на Инстаграм.

Слични содржини